Во Арачиново најдено изгорено возило кое веројатно било користено во нападот во „Алескандар Палас“

10

Телевизијата Алсат  пренесува дека според нејзини сознанија трагите од синоќешното пукање во хотелот „Александар Палас“ водат кон скопското село Арачиново.

Според изворите на телевизијата, во атарот на Арачиново пронајдено е опожарено возило „фолсваген туарег“ во кое имало две автоматски пушки. Исто така, околу 8,30 часот е пријавено е дека на паркингот пред „Александар Палас“, било оштетено возило „фат“.

Сѐ уште не е јасно дали има ранет во престрелката во „Александар Палас“. Хотелски гости и полициски извори тврдат дека најмалку едно лице е потешко повредено во вооружената престрелка која по полноќ се случила во скопскиот хотел. Информацијата ја потврдуваат и гости на хотелот кои го слушале пукањето и слушнале крици на наводно тешко рането лице.

Официјално полицијата не соопшти за евентуално повредени во престрелката. Три вооружени маскирани лица ноќта кон неделата во скопскиот хотел „Алескандар Палас“ отвориле оган кон друга група машки лица, при што во инцедентот нема повредени, соопшти во неделата Министерството за надворешни работи.

Пукањето било пријавена во полицијата околу 00,35 часот, и во инцидентот во „Алескандар Палас“. Според информациите на МВР, пет лица седеле во ресторанот на хотелот, други три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш еден од нападнатите, полициски службеник кој не бил на должност, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие побегнале. Неофицијално, на пукањето му претходела тепачка меѓу двете групи.