Во Битола: Почнува фестивалот „Локум фест – музика и традиција“

87

Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ продолжува со своето 14. издание кое во три дена ќе се одржува во пациото на Завод и Музеј-Битола.

Фестивалот со целовечерен концерт ќе го отворат „Чалгија саунд систем“, утревечер ќе настапат „Баклава“, а ќе заврши со концерт на групата „Љубојна“, најави организаторот Тодор Ивановски.

Инспирацијата на фестивалот е старата традиција во градот на конзулите, средби со кафе и локум. Се обидуваме да ја одржиме таа традиција бидејќи е важна за нашето културно наследство, но и за заживување на културниот туризам во нашиот град, истакна Ивановски во пресрет на вечерашниот почеток на 14. „Локум фест“ во Битола.

Ивановски посочи и дека фестивалот ќе се одржи со задолжително носење заштитни маски, бројот на влезници ќе биде ограничен, а посетителите ќе доаѓаат еден час порано пред секој концерт.