ВО БЛИСКА ИДНИНА НЕ ЧЕКА СТАРА ПРОВЕРЕНА ФОРМУЛА

550

Таа ти е семката бе! Тоа ти е капацитетот. Не можам јас да барам од вас да бидете ‘‘Французи‘‘. За тебе е само стап и чизма. Ми се љутиш зашто вака ти зборам!? Е, па да не лажам? Ти си функционирал само кога си го јадел стапот и кога те газела чизмата. Ајде,, ајде ‘‘гајрет‘‘ уште некој стап нема да ти биде зијан! Само не дај боже да се појави од некаде некоја ‘‘чизма‘‘! СИКТЕР ДОМА! Со тој акал добро што си и на ова дереџе!

Од Агим ЈОНУЗ

Има еден интересен феномен. Се додека ги критикуваш сељаците, промитивците, новопечената елита, простаците и довчерашните чобани, сите ќутат за да не испадне нечие име демек, ‘‘ баш на мене мисли‘‘, така да им препорачувам на сите колумнисти да тераат се живо и диво у мајчина, се додека не им пукне филм па сами да се прозиваат. Делува садистички, ама на садизам во општеството, се одговара само со садизам. Око за око, садизам за садизам.

Мај месец двеиљади дваес фтора година. Ситуација која да сакавме да биде волку трагична немаше да биде и да сакавме. Дно на сите нивоа. Државата дише како риба на шкрги, а народот живее во лажен мир. Без иднина. Поточно, не е дека нема иднина, ама каква иднина има? Еве каква. Со оглед на тоа дека на меѓународната заедница не и е потребна војна во регионот а ни некои по сериозни немири, треба да бидеме сигурни дека војна нема да има во класична смисла. Арно ама, ако се земе во предвид и дека мирот во кој живееме станува неподнослив, мора да се најде формула која ке го држи народот во ситуација да мора да молчи, да трпи и да не се буни. Како ке се создаде тоа. Еве како.

Откако во Јуни нема да добиеме дефинитивно датум за преговори, политичкиот естаблишмент ке мора да најде поинаква тема за да ги полни вестите во деветнаесет часот на телевизија. Машинеријата наречена медиуми ке се преориентира на една друга тема, а таа тема се вика заострување на меѓуетничките односи и создавање на амбиент дека албанците се незадоволни и дека федерализацијата чука на врата. Дека таа чука на врата воопшто не ни се потребни медиуми затоа што толку е очевидна што само неписмените не веруваат во неа. Економската криза, социјалната експлозија која е на само еден сантиметар од носот на обичниот граѓанин и незадоволството на гласачкото тело од своите претставници во власта се само зачин во чорбата наречена ‘‘ Македонија пред амбис‘‘. Немањето идеја како да се оди напред и да се решат круцијалните проблеми резултира со обид на опозицијата да издејствува предвремени избори затоа што позицијата трча во место и сите свои слабости ги прикрива медиумски со неуспехот да се реши проблемит со Бугарија и не може да се добие датум за преговори со Европа. Со Бугарија проблемот не само што нема да се реши ни брзо ни комплетно, а датумот за преговори со Европската Унија воопшто не значи дека влегуваме во Европа. Во апсаана одат сите освен тие што треба, а политиката на казнивост во општеството се сведува на фаќање пијани возачи по улица и терање во затвор луѓе што украле смрзната кокошка во супермаркет. Корупцијата стана ‘‘ добро утро‘‘, а општествениот апарат само еден циркус во кој сите глумат паметни среде општо лудило. Државата е пропадната одамна, ама никој нема три чисти да признае дека тоа е вистина. И?… што да се прави во таква ситуација?

 

Еве што! Како прво, првата задача на политичкиот естаблишмент е да не му дозволи на народот да се буни. Дека ке му го амортизира расположението никако нема, ама нема ни да дозволи да се буни и да бара ‘‘ преку леб погача‚‚! Затоа, ќе пројде на една проста формула која фантастично функционира веќе полни триесет години. Интеретникум! Ако земеме во предвид дека на нашиве политичари фантастично им се погоди кризата во Украина за да се правдаат дека релациите на пошироко географско поле претат во ширење на војната со големи последици по Македонија, ќе мора да измислат приказна која на народот ке му затвори уста да не јаде многу мушмули, да ќути и да трпи. Во блиска иднина, постојат реални шанси да се актуелизира прашањето на федерализација на Македонија, која сама по себе ке повлече страшно големи политички турболенции. На прост и граден народ можеш да му продаваш приказни какви сакаш. Иако во моментов прашањето на федерализација на Македонија е смешно, на ваков народ приказната можеш да му ја продадеш приказната како на поп сарма. Со оглед на тоа дека Македонија со влезот во НАТО доби гарантирани географски зацртани граници, федерализацијата на Македонија станува реална приказна токму кај оние кои се најпотребни. Вжештените националистички глави, политички неписмените и оние кои сеуште не знаат што е интернет, ама знаат дека комшијата кој не е од негова етничка припадност му е најголем душман. И? И ете,.. тензија на ниво на најголем дел од граѓанското ткиво. Не се исклучени ниту ситни инциденти.

Оние што се ‘‘ на по високо аналитичко ниво и писменост‘‘ секако ке се смејат на таа ситуација, ама таа воопшто нема да биде смешна, затоа што се што е потребно, се медиумите, а тие како швајцарски саат си ја вршат работата барем за сега. И секако, потребни се будали на двете страни. А, ако нема будали во Македонија, тогаш не знам што има. Има за извоз. Политичарите се плашат за својот опстанок на сцената. Спремни се да направат се, ако не да останат, барем да не бидат на клоци протерани не дај боже во некаков народен бунт. Сите опции за некаков наречи го ‘‘ народен бунт‘‘ се добро исконтролирани од центрите на власта. Се сечат во корен сите обиди да се појави некаква нова политичка гарнитура, а освен тоа никако не се оди на прифаќање на изборен модел на отворени листи и една изборна единица. Сите се во ровови, и чекаат на нишан каде да пукаат. Се работи за политички ‘‘ живот или смрт‘‘! Но, постои една можнопст која колку – толку може да купи ако не подобра иднина или подобрување на ситуација, барем време во кое ке се плива еден период.

Предвремени избори на Македонија во оваква ситуација и се апсолутно непотребни ако се земе во предвид дека опозицијата, олицетворена во било која политичка партија нема решение ама баш за ништо. Никој не може да помрдне ниту едно камче едно метро. Со кои пари? Со кој план? Со кои можност на меѓународната сцена? Од друга страна, во жабокречина во каква е Македонија тоа ке биде многу драгоцено изгубено време кое подразбира неколку месеци возење ‘‘ во лер‘‘! Значи, ке мора да се најде алтернатива за да се амортизира напорот на опозицијата да ‘‘извлече‘‘ предвремени избори. Како!? Дали би погрешиле ако речеме дека е сосема можно некаде после Јуни да седнат политичките партии на еден ‘‘пржински модел‘‘ и да договорат поделба на власта во смисла на широко коалицирање, како една експлицитна иронија на ‘‘ влада на национален спас‘‘. Со тоа се прави оној филм со ‘‘и волкот сит и овците на број‘‘. Позицијата ке покаже наводна демократска зрелост, опозицијата ке си лапне некое министерско место, така да сите ке бидат до наредните избори некако барем задоволни. А дека ке се смени ситуацијата, тоа само будала или некој дрогиран може да верува. Единствено, позицијата со тоа има некој благ ‘‘ќар‘‘ ако земеме во редвид дека сме во период на криза, па одговорноста може да се сподели во смисла ‘‘ ете, нема само еден виновник‘‘. А народ у меѓувреме ке си лапа попара која ја нема ниту во нај трагикомичните филмови. Додуша, не ни заслужува ништо подобро ако се земе во редвид дека ништо не презема да организира една трета опција која ке се бави со се освен со глупости кои се нерешиви, а не коштаат и време, и пари, и генерално државна иднина. И така народе ( не реков овцо), спремај се за веќе виден филм. Заострување на интеретничките релации, спинување на нестабилност која прети да прејде во сериозни инциденти, а капак на се, спремај се за уште потешка социјална криза која ке биде добро маскирана зад можноста дека може да избие трета светска војна и дека ние бездруго само што нема да бидеме главните жртви. Е, мој народе, е, мое стадо. Ај што не знаеш да водиш држава, ај што не си способен да си организираш нормален ако не богат барем скромен достоинствен живот, ај што не знаеш ни да си испланираш никаква иднина. Твојата иднина е твоето минато. А што вели твоето минато? Дека одсекогаш си бил лузер кој бил среќен ако ‘‘не било бетер‘‘, а во суштина бетер од тоа што си го живеел немало!

 

Ако на крај некој ме праша што тоа јас толку песимистички пишувам овдека и само давам некакви негативни коментари, јас ќе поставам едно просто прашање. Што е тоа што народот како една маса која тврди дека има некаква свест презема да смени нешто? Ама, баш ништо! Беше и остана едно обично тесто од кое можеш да месиш каква сакаш пита. Но! Не е касно, ако не да го спречи ширењето на војната во Украина, барем може да смени сосптвен однос кон толеранцијата на политичката рошомонијада која не доводе во ситуација во каква сме. Може да организира еден нов правец во погледот и практикувањето на политичката свест олицетворена во една нова, трета опција ослободена од можност да манипулира со интеретничките релации. Може да бара поголема одговорност од власта. Може да менува пристап кон државата. Може да се дисциплинира во однос на својата релација кон чувството на државност. Може да си ја сака државата малку повеќе. Ама, не декларативно, туку со дела! А, да не барам јас премногу? Тоа е стварноста, тој е капацитетот, тоа е дереџето. Можеби и не заслужуваме повеќе! Можеби!?! Ха! Сигурно!

ООО ЏЕМАААТ! Таа ти е семката бе! Тоа ти е капацитетот. Не можам јас да барам од вас да бидете ‘‘Французи‘‘. За тебе е само стап и чизма. Ми се љутиш зашто вака ти зборам!? Е, па да не лажам? Ти си функционирал само кога си го јадел стапот и кога те газела чизмата. Ајде,, ајде ‘‘гајрет‘‘ уште некој стап нема да ти биде зијан! Само не дај боже да се појави од некаде некоја ‘‘чизма‘‘! СИКТЕР ДОМА! Со тој акал добро што си и на ова дереџе!

 

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)