Во болниците низ државата од ковид-19 се лекуваат вкупно 391 пациент

2

Во болниците низ државата од ковид-19 се лекуваат вкупно 391 пациент од кои 151 во Скопје, а 240 во другите градови. Утрово имало уште 450 слободни болнички кревети, а од нив 150 во Скопје.

Во Скопје во ковид-центрите на Интерните клиники во моментот се лекуваат 31 пациент, во ГОБ 8 Септември има вкупно 53 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти.

Во однос на болниците низ државата, сѐ уште најмногу хоспитализирани има во Куманово – 43, па во Охрид и Велес по 29. Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти, а на инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти. Во ковид-центарот во Прилеп има 15 пациенти, во Гостивар 7, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 7, Кавадарци 7, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти, но доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.