Во Босна огорчени: ЕХФ донесе срамна одлука

20

Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина е покосена, коронавирусот не го прескокна овој тим, но и покрај тоа ќе мора да ги игра квалификациските мечеви за пласман на ЕП 2022 година.

Четворица играчи се во изолација, па БиХ против Германија во четврток, а потоа во недела против Австрија ќе мора да игра со десет играчи и еден голман, откако ЕХФ не ги одложи овие дуели.

„ЕХФ уште еднаш донесе срамна одлука, мора да играме против Германија со 11 играчи. Одлучија дека ова е доволна бројка. Ќе имаме десет ракометари и еден голман. Јас до сега немам видено вакво нешто во ракометот, ова е уште една неправда во последните години која се има случено на наша штета“, изјави голманот, Буриќ, кој додаде:

„Се надевам дека ова ќе не направи посилни. Колку и да не газат, ние ќе излеземе посилни. Ќе се бориме до последниот момент, и ќе дадеме 300% од себе“.

Од претходно, селекторот на Бона, Шуман остана без Терзиќ, Малиновиќ, Хамидовиќ, Вегар и Тарабокија, додека во меѓу време отпаднаа Паниќ и Врањеш. На крајот списокот од 15 играчи падна на 11 играчи.