Во Британија вакцинирани повеќе од 6,3 милиони луѓе

12

Во Велика Британија, 6,35 милиони луѓе се вакцинирани со првата доза, а 469.660 ја примиле втората доза од вакцината против Ковид-19.

Владата на Велика Британија планира до 15 февруари да овозможи вакцинација на сите кои се наоѓаат во четирите категории здравствено најчувствителни граѓани, пренесува Би-Би-Си.

Во последните 24 часа, потврдени се уште 30.004 позитивни на коронавирус, најмалку од 19 декември, и 610 смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 3.647.463 случаи на заразени со Ковид-19 и 97.939 починати.