Во Бугарија пак расте бројот на нови случаи и починати

10

Бројките од корона вирусот во Бугарија па одат нагоре. Во последните 24 часа, регистрирани се 1.115 нови случаи на корона вирус во извршени 11.637 тестови. Од тестирањата 4.574 тестови биле со PCR метод и 7.063 со брзи антигени. Ова значи дека позитивните резултати се 9,58% од сите извршени тестови.

Бројката на починати се искачи на 89. Излекувани биле 804 лица.

Активните случаи се 21.374, од кои 3.057 се хоспитализирани. На 274 лица им е потребна интензивна нега.

Вчера биле вакцинирани само 1.850 лица, со што бројот на вакцинирани во Бугарија достигна 58.888. Две дози на вакцината имаат примено 17.481 луѓе.