Во Бугарија починаа 152 лица од ковид во еден ден

8

Во Бугарија во последното деноноќие се регистрирани нови 3 519 случаи на ковид-19. Дури 152 лица починаа за истиот период, се наведува на владината веб-страница за следење на епидемијата.

Во последниве 24 часа се направени 7 934 теста. Во моментов во болниците има 5 353 пациенти, од кои 288 се на Одделите за интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата, во Бугарија се заразени 101 770 лица, од кои 2 282 починале.