Во Бугарија 134 новозаразени , три смртни случаи од коронавирус

9

Бројот на потврдени случаи од Ковид 19 во Бугарија достигна вчера 13.343, откако се потврдени 134 нови заразени.

Пријавени се уште три смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 445.

Добрич е на врвот на листата со нови случаи со 32 пациенти, по што следат Пловдив со 21 и Софија со 17, јавува бугарската агенција БТА.Досега има 5.180 активни случаи.

Меѓу новозаразените има три медицински сестри и еден член на медицински персонал, а досега има вкупно 749 заразени здравствени работници.

Вкупно 848 пациенти се хоспитализирани, вклучително и 55 на интензивна нега.

Уште 96 пациенти со Ковид 19 закрепнале во последните 24 часа, така што тој број сега изнесува 7.718.