Во Бугарија 81 новозаразени со коронавирус

Во Бугарија во изминатото деноноќие се регистрирани 81 случај на новозаразени со коронавирусот, а извршени биле 2.371 тестови.

25

Излекувани се 67 пациенти, јави „БГНЕС“.

Во Бугарија до сега има вкупно 3.755 случаи на новиот коронавирус, од кои 1.554 се активни.

Излекувани досега се 2.008 лица, а починале 193.