Во Велика Британија има речиси 300.000 случаи на коронавирусот

Во Велика Британија има речиси 300.000 случаи на коронавирусот, додека повеќе од 42.000 лица починале, покажуваат податоците на британската Влада.

8

Меѓутоа, овие бројки вклучуваат само луѓе кои биле тестирани за коронавирусот, така што бројот на починати веројатно е значително поголем, јави Би-Би-Си.

Според најновите податоци од Канцеларијата за национална статистика, неделниот број на починати се вратил на нормално ниво за овој период од годината.