Во Велика Британија, патниците од 33 земји мораат во карантин кој чини 1.750 фунти

29

Во Велика Британија, во понеделникот започна задолжителен режим на карантин во хотели за патници од десетици земји кои се сметаат за „висок ризик“ во обид да се спречи ширењето на новите видови на коронавирус.

Новата здравствена политика бара сите британски граѓани и постојани жители кои влегуваат во Англија од 33 земји со висок ризик да се самоизолираат десет дена во задолжителен карантин во одобрени хотели и да поминат низ неколку тестови за КОВИД-19.

За другите посетители од земјите во моментов на т.н. „црвената листа“, во која се наоѓаат земјите од Јужна Америка, Јужноафриканската Република и Португалија, моментално е забранет влез во Британија.

Лицата кои влегле во земјата и за нив е откриено дека дале лажни информации за нивниот престој во една од земјите десет дена пред нивното враќање би можеле да добијат десет години затвор – што предизвика критики за претераност.

Владата соопшти дека досега има потпишано договори со 16 хотели во близина на англиските аеродроми, обезбедувајќи близу 5.000 соби, и дека чекаат уште 58.000 соби.

11-дневниот карантин ќе чини лице 1.750 фунти и вклучува превоз, храна, сместување, безбедносни трошоци, како и основни услуги и тестирање. Патниците мора да имаат негативен резултат на тестот за КОВИД-19 направен до три дена пред да се вратат во Велика Британија и да резервираат и платат трошоци за карантин пред да се упатат кон Велика Британија.

Понатамошните тестови ќе бидат извршени на 2-ри и 8-ми ден од престојот во Велика Британија. Ќе биде дозволено напуштање на хотелските соби „во многу ограничени околности“, вклучително и вежбање, но за тоа е потребна „специјална дозвола“ од персоналот за безбедност.