Во голема полициска акција уапсени тројца дилери на хашиш и марихуана

12

Тројца дилери на хашиш и марихуана од селото Дебреште Општина Долнени синоќа се приведени во голема полициската акција.

Двајца од приведените со комбиња за превоз на патници пренесувале обработени и подготвени за продажба 33 килограми марихуана и 15 килограми хашиш.

Од страна на полицијата се пресретнати на патот Прилеп- Македонски Брод близу селото Ропотово.

Нивни соработник кој ја чекал пратката е забележан и приведен на улица во центарот на градот.

Акцијата се уште е во тек.

Приведените се во полициска станица и ќе бидат предадени на обвинителството и судот. Подетални информации МВР ќе соопшти во текот на денот.