Во Грција откажани сите венчавки и крштевки, на погреб само најблиското семејство

23

Сите религиозни активности во Грција се суспендирани поради коронавирусот. Ова го напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на „Твитер“.

„Со владина одлука, сите религиозни активности се откажани. Црквите остануваат отворени само за индивидуални молитви. Заштитата на јавното здравје бара јасни одлуки“, напиша Мицотакис.

Црквите ќе останат отворени само за приватни молитви, а сите венчавки и крштевки се откажани. Погребите ќе се одржуваат само со најблиските од семејството на починатиот.