Во дупка на плочникот на плоштадот во Скопје пропадна машина за чистење

22

Утрово на плоштадот Македонија во Скопје се преврте машина за чистење, односно пропадна во голема дупка што се направила под неа на плочникот. Повредени лица нема, а екипи на МВР се повикани за да извршат увид.

Во јуни 2017, пропадна камион додека се подготвуваше бината за пречек на ракометарите на Вардар по освоената титула европски прваци.