Во ЕУ започна примената на дигитални ковид сертификати

3

Од денес, во Европската унија се користат дигитални ковид сертификати, што треба да го олесни движењето на патниците во границите на Унијата.

Во Брисел наведуваат дека сите земји-членки на ЕУ се технички подготвени да се поврзат со заеднички систем за признавање на сертификатите и оти сите, освен Ирска, се во ситуација да издадат нови здравствени документи.