ВО ЖИВО: Македонија слави по победата во Тбилиси

85

По победата врз Грузија, македонската фудбалска репрезентација вечерва испиша историја, a низ улиците во Скопје веќе започна и прославата за овој голем успех.

За видео кликнете тука.

Имено, со победата во Тбилиси над селекцијата на Грузија, Македонија за прв пат ќе игра на Европско првенство. Со еден гол во 56. минута по одлична акција, македонската репрезентација успеа да оствари голем триумф кој ја носи селекцијата кон Европското првенство кое ќе се одржи идната година.

Европско првенство ќе игра со Австрија, Украина и Холандија во Букурешт и во Амстердам.