Во изминатото деноноќие казнети 461 граѓанин за неносење маска

14

Во текот на изминатото деноноќие полицијата казнила 461 граѓанин за неносење маска, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за справување со коронавирусот.

Според Уредбата на Владата, казната за неносење маска е 20 евра.