Во името на религијата, во „лов“ по гласовите

14

Политиката отсекогаш ја користела религијата за свои цели, но тоа е голема штета. Религијата треба да биде независна и не да биде манипулирана од страна на државата или политиката, оценуваат „мантиите“ на религијата и аналитичарите, коментирајќи ја злоупотребата на религијата за политичка пропаганда

Дестан ЈОНУЗИ

Скопје, 8 Ноември – Од независноста на Македонија и до денеска – во сите влади, но и во сите изборни циклуси, не бил исклучен елементот на злоупотреба на религијата за изборна пропаганда. Овој феномен на владеењето најистакнат бил за време на 15-годишното владеење на Никола Груевски. Од друга страна, албанските и македонските политички партии, вешто ја злоупотребиле религијата за пропагандни и политички цели, особено за време на кампањите за локалните и парламентарните избори. Од Исламската верска заедница (ИВЗ) велат дека  оџите никако во нивните предавања не пропагираат ништо политичко. Во меѓувреме, за повиците на политичарите во име на религијата, велат дека тоа е нивно прашање.

Оџите никако и во никој случај не пропагирале политика. Нивната улога е да ги пренесат до верниците зборовите на Коранот. Додека за употребата на религиозниот елемент во реториката и вокабуларот на политичарите, ние ниту можеме да носиме одговорност, ниту да ја запреме” , велат од ИВЗ. Во меѓувреме, во пресрет на парламентарните избори, од ИВЗ ги повикуваат сите политички субјекти да не ја злоупотребуваат религијата за политичка пропаганда или маркетинг. Од Македонската православна црква истакнуваат дека има елементи на злоупотреба на религијата за политичка пропаганда, но тоа не се прави со нивна волја.

„Има елементи на злоупотреба на религијата за политичка пропаганда, но тоа не се прави со волјата на Црквата. Затоа, тоа умешно го прави политиката, но верските свештеници не им овозможуваат на лидерите да го сторат тоа“, велат од Православната црква.

Антус Циримотис од Католичка црква на Македонија истакнува дека религијата е едно, а државата е друго. Бидејќи, како што се изразува тој, двете страни се грижат за истите луѓе и тогаш, секако треба да има одредена взаемна соработка. „Не може една страна да повлече на една страна, а другата на друга страна, тогаш таа е штетна за тие луѓе. Задолжително треба да постои соработка за општото добро на луѓето. Политиката секогаш ја користела религијата за свои цели, но ова е голема штета. Религијата мора да биде независна  и не да биде манипулирана од државата или од политиката“, вели Циримотис.

Од друга страна, аналитичарот, Селим Ибрахими, оценува дека политиката во Македонија се обидува и вложува напори да ги користи религиозните институции за да има влијание во политичките процеси. „Македонија се уште заостанува во верските права и слободи. Владата во некои случаи интервенираше врз поединци и членови на верските заедници, предизвикувајќи внатрешни меѓуверски инциденти. Освен тоа, нема изборни процеси каде политичките партии не ја користат религијата за политички и индивидуални придобивки“, потенцира Ибрахим. Инаку, Македонија се наоѓа пред предвремените парламентарни избори, кои, според датумот утврден од политичките лидери, треба да се одржат на 12 април 2020 година, додека парламентот треба да биде распуштен до 11 февруари следната година. (koha.mk)