Во Иран уапсени 12 лица осомничени за субверзивни активности

0

Во Иран денеска се уапсени 12 лица обвинети за поврзаност со странски агенти и планирање „субверзивни дејствија“.

„Членовите на оваа мрежа, под водство на контрареволуционерни агенти кои живеат во Германија и Холандија, имаа намера да вршат субверзивни дејствија, обезбедување оружје и загрозување на националната безбедност“, се вели во соопштението на Иранската револуционерна гарда.

Во соопштението не е наведена националноста на поединците и не се дадени дополнителни информации.

Техеран ги обвини западните разузнавачки служби дека ги поттикнуваат протестите и сакаат да разгорат граѓанска војна во Иран.