Во Италија е запрен воз со 815 тони ѓубре кој патувал за Бугарија (ВИДЕО)

20

Карабинерите на Милано запреле нелегален товар од 815 тони ѓубре кој требал да биде пренесен во Бугарија, објави „Кориере дела Сера“.

Станува збор на 582 бали отпад, натоварени во 17 вагони. Нивната пазарна вредност изнесува околу 130.000 евра. Возот бил пресретнат на станицата Леко, во близина на Милано, од каде требало да замине Бугарија. Вагоните првенствено биле преполни со отпад од веќе третирани пластични производи.

Во пракса, овие се крајни производи од активности за третман на пластика, а не, како што е наведено во документите, пластичен отпад што допрва треба да се третира. Отпадот требало да стигне до Бугарија преку Словенија и Хрватска, а во документацијата стоело дека се работи за материјали што треба да се третираат.

Според Карабинерите на единицата за животна средина под раководство на потполковник Масимилијано Корсано, сето ова било направено да се заобиколат нормите и незаконски да се топи отпадот во Бугарија. Практично немало ништо друго да се третира меѓу балите. Истрагата е покрената по пријавата од Царинската управа во Леко. Така започна увидот на вагоните кои биле подготвени да заминуват, по што бил распишан налог за претрес од судија од Милано.

Истрагата треба да утврди кој ја организирал пратката, за кого била наменета и особено потеклото на пластичниот отпад.

Првите претпоставки се дека отпадот е од компании од Централна и Северна Италија.

Анализирана е и документацијата. Меѓу балите се пронајдени материјали од пластика, гума, ткаенини, тетрапак, мешано ѓубре и друго. Според истражителите, како и во други случаи, најверојатно е дека нелегалните пратки со нелегален третман се испраќаат во странство од нелегални организации. Се сомнева дека откако тие би пристигнале во Бугарија, отпадот најверојатно требало да се складираат во депониите без да се придржуваат кон стандардите за животната средина.