Во кафеана на тераса од денеска ќе се останува до 22.30 часот, а полицискиот час ќе почнува во 23.00

4

Владата синоќа одлучи полицискиот час од денеска да започнува од 23.00, а да трае до 05.00 часот следниот ден.

Од денеска е сменето и работното време на угостителските објекти кои ќе трае до 22.30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви ковид-19.

Другите мерки остануваат во сила со цел да се заштитат граѓаните од пандемијата од ковид-19.

Од ЈСП соопштија дека од денеска јавниот превоз ќе сообраќа до 23.00 часот.

Ублажувањето на рестрикциите следува по неколкудневното стивнување на епидемијата. Намален е бројот на навозаболени, хоспитализирани и починати.