Во Кина, ниту еден случај на коронавирус

12

Кина денеска нема пријавено ниту еден случај на инфекција со новиот коронавирус на нејзината територија, а властите делумно ги укинаа драстичните мерки за карантин во Хубеи, каде што вирусот за прв пат се појави во декември. Кинеските власти регистрирале 47 лица заразени кои дошле од странство. Властите објавија четири смртни случаи, три во Хубеи. Кина досега има регистрирано вкупно 81.200 нови вирусни инфекции и 3,281 смртни случаи.

Србија и Кина: „Челично пријателство“ во време на корона

Пекинг вчера објави дека ќе го укине затворањето на повеќе од 50 милиони луѓе во Хубеи, што значи дека ќе можат да патуваат доколку се во добра здравствена состојба. Некои аеродроми и железнички станици повторно се отворија. Училиштата сè уште се затворени. Жителите на главниот град на покраината, Вухан, ќе треба да почекаат до 8 април за да можат да го напуштат својот град. Карантинот беше воведен во тој град кон крајот на јануари.