Во Кина се гради првиот шумски град во светот

4

 

Во кинескиот град Лиужоу веќе се години се гради „првиот шумски град на светот”. На проектот работи миланскиот архитект Стефано Боери со својот тим, кои развиваат зелени проекти ширум светот. Лиужоу е еден од најпогодените градови во светот од загадувањето (не сме сигурни дали повеќе од Скопје и Тетово) и затоа е одбран за овој проект.

Градот ќе биде целосно одржлив и ќе користи обновливи извори на енергија, а ќе се протега на неверојатни 432 хектари густа шума. Ќе содржи сè што сам по себе содржи еден модерен, урбан град – комерцијални зони, станбени населби, површини за рекреација, болници и две училишта, а ќе биде поврзан со брза железничка линија.

Планот е по завршувањето на изградбата во него да се населат околу 30.000 луѓе, а да има 40.000 видови стебла и милион билки кои заедно можат да апсорбираат дури 10.000 тони јаглероден диоксид.

Бидејќи проектот е уште во изградба, на офiцијалната страница на архитектот достапни се само рендери од изгледот, но според другите проекти кои ги има изработено овој тим, можеме да претпоставиме колку магично ќе изгледа првиот шумски град на светот.