Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти

17

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 384 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 7 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 49 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекува 131 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 110 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 9 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 8 болни.

Вкупно 384 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 332 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.