Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 15 пациенти – вкупно се лекуваaт 169

5

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 169 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало едем прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациент 37

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 35 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 62 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 72 пациенти.

Вкупно 169 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 130 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.