Во Ковид центрите во Скопје хоспитализирани 33 нови пациенти

19

33 нови пациенти се хоспитализирани во Ковид центрите во Скопје во изминатото деноноќие поради компликации од коронавирусот, известуваат од министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 257 лица сомнителни и потврдени на КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Голем дел од пациентите велат од ресорното министерство, се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, како што соопштуваат од МЗ, на интерните клиники имало 8 приеми.

Во Ковид центарот во ГОБ 8 Септември, биле примени 10 нови пациенти а 10 нови пациенти биле згрижени и на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 5 пациенти.

„Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти. На ГАК е хоспитализирана една пациентка“, известуваат од здравство.

„Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од министерството за здравство.