Во ковид-центрите низ државата се лекуваат 560 пациенти

18

Вкупно 560 пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19 се хоспитализирани во болниците низ Македонија, а од нив 234 се во Скопје, додека 326 се лекуваат во останатите градови. Во моментов, според податоците од Министерството за здравство има уште 580 слободни болнички кревети.

Во изминатите 24 часа во скопските ковид-центри се примени 18 нови пациенти поради компликации од коронавирусот и од нив 6 се хоспитализирани на интерните клиники, 8 се примени во ГОБ 8 Септември, а четворица на Инфективната клиника 4. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 23, а на Институтот за ТБЦ 21 пациент со симптоми на коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, на Клиниката за инфективни болести 81 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти.

Во болниците низ државата најмногу пациенти има во Охрид-50, па во Куманово-45. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во Битола се хоспитализирани 21 пациент, на инфективното одделение во Тетово има 18 пациенти, во Велес 28, а во Куманово 45 пациенти. Во ковид-центарот во Прилеп се лекуваат 20, во ковид-центарот во Гостивар 15, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 6, во Кичево 8, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.