Во координација со Брисел и Лондон, Вашингтон воведе санкции против ИРГ поради насилното задушување на протестите во Иран

4

 

САД, во координација со Велика Британија и ЕУ, денеска воведоа санкции против Фондацијата за соработка на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и високите ирански претставници, со што го зголемија притисокот врз Техеран поради насилното задушување на демонстрациите во земјата.

Овие санкции се насочени кон „клучниот економски столб на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) кој ја финансира бруталната репресија на режимот“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии. Санкциите се насочени и против високи ирански безбедносни службеници кои учествуваа во задушувањето на протестите во Иран на сите нивоа, се додава во соопштението.

Американското Министерство за финансии смета дека Фондацијата за соработка на Корпусот на Исламската револуционерна гарда одиграла „клучна улога во задушувањето на иранските протести, со драстично кршење на човековите права“.

Меѓу санкционираните се пет членови на одборот на директори на Фондацијата, заменик министерот за разузнавање и безбедност Насер Рашеди и четворица високи воени команданти на ИРГЦ.

САД и земјите-партнери секогаш ќе одговорат кога Техеран се потпира на насилство, лажни судења, егзекуции на демонстранти и угнетување на ирански граѓани, заклучи потсекретарот на разузнавачката служба за тероризам и финансии при американското Министерство за финансии Брајан Нелсон.

Обединетото Кралство денеска го прошири списокот на санкционирани поединци и фирми поврзани со режимот во Техеран поради неговата „брутална репресија“ врз иранскиот народ.

Европската Унија денеска воведе нов пакет санкции против Иран поради неговата „брутална и непропорционална употреба на сила“ против демонстрантите.