Во Кореја е подигнат споменик за Интернет Експлорер

8

Internet Explorer оваа недела влезе во историјата, а Јужна Кореја особено жали поради тоа што се потпирала на тој прелистувач до последниот ден. Во таа земја, Internet Explorer доби споменик.

Споменикот го поставил Јунг Ки-Јонг, јужнокорејски софтверски инженер. Во спомен на смртта на Internet Explorer, тој поминал еден месец дизајнирајќи го споменикот. Дизајнот го чинел 430.000 вони (околу 300 евра).

„Тоа беше добра алатка за преземање други прелистувачи“, се вели на споменикот.

Откако Explorer престана да работи, фотографијата од споменикот стана вирална. Јунг вели дека сакал да ги насмее луѓето со споменикот, но сепак бил изненаден колку станал популарен.

“Тоа е уште една причина да му се заблагодарам на Explorer, сега ми дозволи да се шегувам на глобално ниво. Жал ми е што го нема, но нема да го напуштам. Така што неговото заминување е добра смрт “, изјавил Јунг.

Јунг вели дека овој прелистувач одиграл голема улога во неговата работа.

„Тоа беше мачење, но јас би го нарекол врска на љубов-омраза бидејќи Explorer доминираше во една ера“, рече тој. Неговите клиенти постојано барале од него да се погрижи нивните веб-страници да изгледаат добро на Explorer, кој со години бил стандарден прелистувач во владините канцеларии на Јужна Кореја и многу банки.