Во Мексико и Бразил голем пораст на новозаразени и починати од ковид-19

17

Мексико и Бразил и натаму бележат пораст на заразените и починати од коронавирус, тврди американскиот Универзитет Џонс Хопкинс.

Бразил во последните 24 часа потврди 40.816 новозаразени и 921 починат, објави тамошното министерство за здравство. Според достапните податоци, вкупно заразени во Бразил има 2,5 милиони и 88.539 починати лица.

Мексико има 7208 нови случаи и 854 починати. Вкупниот број на случаи е 402.697, а од коронавирус починале 44.876 лица, по што Мексико е четврта најпогодена држава во светот.

Тамошната влада тврди дека бројот на заразени најверојатно е многу поголем од пријавените.