Во нападот во Хаг повредени три лица

7

Три лица се повредени во нападот со нож што се случи вчера на улица која е позната по бројните продавници во Хаг, соопшти холандската полиција.

Нападот се случил во момент кога на улицата имало многу луѓе кои дошле да купуваат затоа што вчера беше „Црн петок“, ден на големи попусти.

Полицијата соопшти дека трага по напаѓачот на возраст од 45-50 години.

Засега нема информации дали станува за терористички напад.