Во Ниш се запалила боца со кислород кога сестрите требало да ја приклучат на ковид-пациент

17

Во Клиничката болница во Ниш, во делот каде се лекуваат ковид-пациенти, попладнево се случила несреќа, чиј исход е неколку повредени медицински сестри.

Се запалила боца со кислород кога медицинскиот персонал требало да ја приклучи на пациенти, објави Н1 ТВ.

Три медицински сестри се здобиле со полесни изгореници, додека пациентот поминал неповреден.

„Сè се случи кога беше донесен пациент со ниска сатурација. Сестрите ја зедоа боцата, која до тој момент беше исправна. Од непознати причини, таа се запали. Бргу службите го санираа инцидентот, а најважно е што пациентот не е повреден. Три колешки се полесно повредени“,

изјавил извор за Н1.
Инцидентот го регистрирала и српската полиција, а интервенирале и пожарникари.

Според полициски информации, пак, бројот на повредени е поголем и изнесува 5 лица.