Во Норвешка откриен викиншки брод под земја

44

Норвешките власти соопштија дека по вторпат годинава пронашле остатоци од викиншки брод со употреба на георадарски техники (геофизички метод што користи радарски импулси за снимање под површинскиот слој), додавајќи дека бродот е стар повеќе од 1.000 години.

Кнут Паше, археолог во норвешкиот Институт за истражување на културно наследство, вели дека бродот бил забележан на поле на кое порано имало гробишта на островот Едеја, на околу 110 километри западно од Трондхајм, пренесува АП.

Паше тврди дека бродот бил долг 17 метри.

Засега не е планирано ископување на бродот.

Ерата на Викинзите траела од 793 до 1066 година.