Во општина Центар двајца заразени, тројца во самоизолација

15

Градоначалникот на скопската општина Центар Саша Богдановиќ се врати на работа од 14 дена самоизолација, но од вработените во општината двајца била позитивни на тестот за коронавирусот, а уште тројца се со решение за самоизолација.

Сите други тестови на повеќемина вработени во општината биле негативни, информираат од општината.

Во општина Центар, како и во други институции и единици на локалната самоуправа, се работи со дежурства. „Сè до нормализирање на работата на општината, а со цел зголемена претпазливост, Секторот за урбанизам и урбанистичко планирање, но и другите сектори нема да работат со странки“, ни одговорија од општината.

Секторот за урбанизам и урбанистичко планирање во oпштина Центар, но и другите сектори во општината (со исклучок на архивата) од самиот почеток на состојбата со коронавирусот во државата, одлучија да не работат со странки. Тоа е така за да се намали ризикот од заразување како на вработените, така и на странките кои доаѓаат во општината, велат отаму.

Од таму велат дека граѓаните доколку имаат потреба, можат да се обратат до општината телефонски, на 02/3203 600 и 02/3203 682 и електронски, преку контакт формуларот на веб- страницата, centar.gov.mk, како и на електронската адреса [email protected].