Во пожар изгоре и автомобилот на обвинителот Бубевски кој го застапуваше обвинението за „Монструм“

8

Во пожарот во кој изгоре бараката на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, се запалил и автомобилот на обвинителот Гарил Бубевски, дознаваме неофицијално. Во овој пожар уништена е и целата документација на претпријатието Улици и патишта. Според првичните неофицијални информации, најверојатно возилото на Бубевски не било таргет на пожар или кривично дело. Овој обвинител заедно со обвинителката Фатиме Фетаи го застапуваа обвинението за случајот „Монструм“ кој се најде на листата на предмети за кои Заоран Заев и Африм Гаши се договорија за ревизија.

Но, за сега се врши увид на местото на пожарот, по што ќе се знаат причините, како и дали има сомнеж за подметнување на пожарот за да биде отоврена истрага.

Автомобилот шкода на обвинителот Бубевски бил паркиран на тротоар кај бараката на јавното претпријатие Улици и патишта. Возилото е опожарено во задниот дел, а целосно изгорен е автомобилот кој што бил паркиран зад возилото на обвинителот Бубевски.

Во пожарот нема жртви ни повредени, оти се случил ноќе и во бараката немало никој.