Во пожар изгоре струмичката ТВ Канал Вис

4

Од засега непознати причини, околу 2 часот по полноќ ноќеска избувна пожар во објект на струмичката касарна, во кој се наоѓа и регионалната ТВ Канал Вис. Целосно изгореа студијата, техниката и редакцискиот дел на ТВ Канал Вис. Нема повредени.

Повеќе од 6 часа трае гаснењето на пожарот од Противпожарната единица на Струмица со повеќе возила во објектот, во кој функционираат и други деловни субјекти.