Во пресрет на шпионската афера, Вучиќ одржа средба со рускиот амбасадор во Белград

13

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска одржа средба со амбасадорот на Русија Александар Боцан-Харченко.

Состанокот започнал околу 9 часот во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Србија.

На состанокот присуствувал и министерот за одбрана на Србија Александар Вулин.

До средбата дошло при можната шпионска афера, чии актери се рускиот разузнавач Георгиј Клебан и Србин, чиј идентитет не е откриен.