Во пукање во Атина убиени црногорски мафијаши (ВИДЕО)

7

Во ресторан во Атина синоќа беа убиени лидерите на црногорски криминален шкаљарски клан Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ, јавуваат српските медиуми.

Во пукањето во ресторанот е ранета и една жена.

Според првичните информации, четворица напаѓачи со качулки упаднале во ресторано и пукале со автоматска пушка.

На масата на убиените умало вкупно десет луѓе, меѓу кои и деца.

Грчките медиуми пренесуваат дека станува збор за невидено дивеење, убиство пред голем број гости кои можеле да настрадаат.

„Далеку од дострелот на српските, црногорските, албанските и другите полицајци на матичните земји, на топлиот Медитеран засолниште бараат мафијаши обвинети за најгнасни злосторства. Но, бидејќи барата е полна со крокодили – следуваат и крвави пресметки“, коментираат грчките медиуми.

Вака изгледа Грција во очите на читателите во Грција, а по бруталната егзекуција на Стаматовиќ (43) и Дедовиќ (43) се појавија и многу случни коментари на социјалните мрежи.

„Овој регион е игралиште на руските, српските и арапските криминалци. Во последните пет-шест години има сѐ повеќе пресметки. Ако не ги депортираат што побрзо, јужните предградија на Атина ќе станат Бејрут“, коментира еден од нив.

„Нашата земја е полна со странци кои ја сметаат за одлична за криминал, паушални бенефиции, нелегална емиграција. Во исто време, Грците заминуваат од земјата поради дивјаците, неправедното оданочување, бедните плати и пензии“, гневно коментира друг.

„Целиот олош од планетата Земја се собра тука и никој ништо не прави. Но, нема врска сѐ додека Грците ги нарекуваат расисти и фашисти. Ете како се залажуваме“, гласи уште еден од коментарите.