Во САД масовно се пие „ивермектин“ како превенција од ковид, лекарите со апел дека е опасно

17

За време на пандемијата на коронавирус, луѓето се обидуваа да се заштитат на различни, а честопати тие начини немаа логично објаснување. Така, некои се мачкаа, некои пиеја разни препарати, најчесто опасни по живот. Во САД во последно време е актуелен нов начин на превенција – земање „ивермектин“, лек против паразити, поради што се регистрирани и многу несакани последици.

Би-би-си објавува случај од болницата во Оклахома каде пристигнал итен повик, бидејќи еден граѓанин се предозирал со лекот, кој обично им се дава на жвотните за заштитата од паразити.

Мали дози на „ивермектин“ се одобрени за употреба кај луѓе, но само во посебни ситуации, а не како заштита од коронавирус.

„Мора да имате рецепт за овој лек, и тоа со причина, бидејќи може да биде опасно да го земате сами“, вели д -р Џејсон Микејли.

Тој открива дека имале повеќе случаи на предозирање со лекот, кои дополнително го оптовариле персоналот во болницата, кој веќе е преморен поради наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирус.

Тој додава дека пациентите кои го земале лекот дошле во болница со повраќање, болки во мускулите, па дури и губење на видот.

„Пациентите се во полоша состојба отколку што би биле кога би биле заразени со вирусот“, рече тој.

Сето ова се случува затоа што некои веруваат во приказната дека овој лек може да спречи зараза со коронавирусот, и покрај фактот дека никогаш не бил докажан или тестиран.

Оваа недела, влијателниот водител на подкасти Џо Роган, кој е антиваксер, исто така рече дека зема „ивермектин“ откако добил позитивено тест за коронавирусот.

Неговата употреба стана толку вообичаена во САД што Администрацијата за храна и лекови минатиот месец издаде соопштение во кое ги повикува луѓето да не го земаат.

„Вие не сте коњи, ниту крави“, порачаа тие, предупредувајќи дека земањето големи дози од лекот е„ опасно и може да остави сериозни последици“.