Во САД наскоро вакцините на „Фајзер“ и за помлади од 16 години

4

Американската администрација за храна и лекови наскоро ќе одобри вакцинирање млади Американци на возраст од 12 до 15 години со „Фајзер/Бионтех“, јавија американските медиуми.

Во извештај на Њујорк Тајмс се цитира изјава на федерален службеник кој вели дека одлуката со нетрпение се чека бидејќи компанијата соопштила дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека во клинички испитувања е откриено дека стимулира силен имунолошки одговор кај младите на таа возраст.

Вакцините на „Фајзер/Бионтех“ се одобрени во САД за употреба кај лица на возраст од 16 години и постари.