Во светот нови 1.028 случаи, со коронавирус се заразени 245.922 лица

7

Во последните 24 часа, според бројките објавени утрово од страна на „Worldometаr“, бројот на заразени од коронавирус е зголемен за 1.028, а починале дваесет лица, така што вкупниот број на заболени е 245.922, а бројот на починати е 10.048.

Од вчера, во Кина починале три лица од последиците на инфекцијата со „Ковид-19“, регистрирани се 39 нови случаи, додека 730 оздравеле.

Во САД се регистрирани 577 нови случаи, заразени се вкупно 14.266, а десет пациенти починале во последните 24 часа (вкупно 217).

Во Јужна Кореја се пријавени 87 нови случаи, вкупно 8.652 корони заразени со коронавирус, тројца починале во рок од 24 часа, вкупно 94.

Австралија има 59 нови случаи, Тајланд 50, Мексико 46, Колумбија и Јапонија по 20, Уругвај 15, Австрија има 17 нови случаи, Унгарија и Хондурас по 12, Нов Зеланд 11, Бразил седум, Шри Ланка шест, Казахстан пет, Грузија три, Костарика два.