Во Северна Кореја нема случаи на коронавирус

12

Властите на Северна Кореја соопштиле дека тестирале 13.257 лица, и дека не пронашла ниту еден случај на ковид-19, наведено е во извештајот на СЗО.

Извештајот е создаден на податоци од 15 лаборатории во Северна Кореја, од кои министерството за јавно здравје на земјата ги доставила до СЗО.

Наведено е дека во Северна Кореја има ограничувања на патувањата, и сите влезни точки се затворени на неопределено време.

Владата на земјата тврди дека во таа земја не е пронајден ниту еден случај на ковид-19, но експертите се сомневаат во тие тврдења.