Во семејна расправија син уби татко во Скопје

Ранетиот сам се обидел да отиде до комплексот клиники и да побара лекарска помош, но поради обилното крвавење починал пред Клиничкиот центар.

8

Денеска пред Јавен обвинител ќе биде однесен да даде свој исказ 24-годишниот Д.А. кој доцна синоќа во семејниот дом, со нож го ранил својот татко 55-годишниот С.А. од Скопје кој на пат кон клинчкиот центар „Мајка Тереза“ им подлегнал на тешките повреди.

Од полицијата велат дека немилиот настан се случило околу 23:15 часот откако настанала семејна расправија на улицата „Бигла“. Причината за расправијата заега е непозната за полицијата. Сега осомничениот син со нож му нанел неколку убодни рани на таткото.

Ранетиот сам се обидел да отиде до комплексот клиники и да побара лекарска помош, но поради обилното крвавење починал пред Клиничкиот центар. Од страна на полициски иследници запленет е ножот со кој е извршено убиството, а против Д.А. е поднесена кривична пријава за убиство.