Во скопските болници се лекуваат 480 ковид-пациенти: За 24 часа имало 38 приеми и 16 исписи

26

На клиниките во Скопје се лекуваат вкупно 480 ковид-пациенти. Во последното деноноќие имало 38 примени на нови, а отпуштени се 16 оздравени пациенти, покажува извештајот на Министерството за здравство.

До пресекот направен утрово во 8 часот, имало 40-ина слободни кревети.

Најмногу пациенти има на Инфективната клиника во Скопје – 153, а во Градската општа болница „8 Септември“ се хоспитализирани 106 пациенти.

Во Детската болница во Козле има 35 пациенти, од кои 9 деца и 24 возрасни.

Останатите пациенти се хоспитализирани на: Кожната клиника – 24, Клиниката за неврологија – 35, Институт за ТБЦ – 44, Клиниката за Гастроентерохепатологија – 26, лица, Клиниката за нефрологија – 24, Клиниката за очни болести – 14 и на Клиниката за уво, нос и грло – 19 пациенти.