Во Скопје казнети 467 возачи во Скопје, од нив 101 за брзо возење

28

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 467 казни.

Од вкупниот број казни, за возење без возачка дозвола се 60, 101 се за пречекорување на дозволената брзина на движење, 63 за технички неисправни и нерегистрирани возила, а 74 за непрописно паркирање. Со „пајак“ се подигнати 60 возила, а изречени се 46 казни за неносење на заштитна маска.

МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради зголемување на безбедноста во сообраќајот.