Во Скопје општините Аеродром, Центар и Карпош со најмногу активни случаи, Крушево без ниту еден случај

43

Во скопската општина Аеродром има 505 активни случаи на ковид -19, во Центар 433, Карпош 417, па следуваат Кисела Вода со 296 активни случаи, Гази Баба 256, Ѓорче Петров 198, Чаир 109. Бутел 97, Шуто Оризари 14… Вкупно во Скопје бројот на активни случаи е 2.515, а во земјава 5.266. Во болниците се лекуваат вкупно 452 пациенти со компликации од ковид-19.

Општина Аеродром има најмногу активни случаи на ковид-19 во земјава – 505. Веднаш по неа се скопските општини Центар со 433 и Карпош со 417 болни. Во Кисела Вода има 296 активни случаи, Гази Баба 256, Ѓорче Петров 198. Општина Чаир која пред неколку месеци беше на врвот според болни од коронавирус сега има 109 активни случаи, Општина Бутел 97, а Шуто Оризари 14.

Во Струмица има 357 активни случаи, во Тетово 271 случај, во Куманово 214, Прилеп 209, Кочани 201, Делчево 110… Крушево и натаму е единствениот македонски град каде што нема ниту еден заразен со ковид-19.

Вчера бројот на новозаразени во последните 24 часа беше најголем до сега – 594 нови случаи на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 23.201, бројката на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824. Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на ковид -19.