Во Собранието денеска седници на две собраниски комисии

1

Седници ќе одржат Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе одржат две последователни седници, прво 12-та, а потоа и 10-та седница. На дневен ред на 12-та седница се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, и двата во второ читање.

На 10-та седница на Комисијата за економски прашања се Предлогот на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2022 година и Предлог-одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2022 година.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат за Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во прво читање и Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка и во второ читање.

На дневен ред на оваа комисија се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, во второ читање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, во прво читање, поднесен од група пратеници. /МИА