Во Собранието нема да има пратенички прашања, вели Џафери

21

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинарите информираше дека седницата за пратенички прашања нема да се одржи. Според него, досегашната практика покажала дека Владата во оставка, како резултат на оставката на премиерот, не може да учествува во таква расправа, додека според Деловникот не може ниту да именува свој претставник.