Во Србија втор ден по ред над 3.000 нови случаи на коронавирус

25

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.341 нов случај на коронавирус, а 19 лица починаа.

Во моментот хоспитализирани се 3.343 пациенти, од кои 151 пациент на респиратори.

Во последните 24 часа биле тестирани 13.008 лица.

Од почетокот на епидемијата до денес во Србија се регистрирани 73.765 случаи на коронавирус. Починале 955 лица, а стапката на смртност е 1,29 процент.

Вчера, во Србија беа регистрирани 3.536 нови случаи, а почина 21 пациент.